„И ние сме лекари“, „Еднаквост“, „Има да не нема“…се само дел од паролите на кофинансираните специјализанти кои протестираат пред Министерство за здравство.
Бараат трансформација на нивниот однос од определено на неопределено време со што и тие би биле опфатени со најавените зголемувања на платите на здравствените работници.
Револтирани се што никој не им гарантира, како што велат, дека после специјализацијата ќе имаат загарантирана работа.
Викендот, министерот за здравство изјави дека формираат работни групи за да најдат решение како да дојде до промена на Законот и да биде исполнето нивното барање.