Доктор Нико Беќаровски, професор на Медицинскиот факултет во Скопје, денска на својот фејсбук профил напиша дека цунамито во Македонија за жал немилосрдно се доближува, токму поради процентот на вакцинирано насление. Тој посочи дека иако анти ковид вакцините се далеку од совршено оружје во борбата со коронавирусот, сепак се уште се единствените.

– Словенија >4500 новозаразени, 87% невакцинирани !!!! Хрватска >6800 новозаразени 84% невакцинирани !!!!

– Цунамито за жал немилосрдно се доближува. Бројот на вакцинирани во Словенија и Хрватска е околу 50%, кај нас САМО 38%. Словенечкиот здравствен фонд е 11 пати, а хрватскиот 7 пати побогат од македонскиот. Колку пари, толку и музика.Анти ковид вакцините за жал се далеку од совршено оружје, во борбата со вирусот, ама за уште поголема жал, се уште се единственото оружје. Размислете и одлучите денес, утре може да е предоцна !!!, пишува Беќаровски.