Граѓаните од денеска добија нова празнична честитка – драстично поскапување на горивата. Како никогаш до сега за прв пат во историјата бензинот стигна до 70 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Се зголеми цената на дизелот, мазутот и на екстра лесното масло за домаќинствата.
ЕУРОСУПЕР 95 се зголеми за 2 ден, 98-цата и дизелот поскапеа исто за 2 денари за литар, а порасна и цената на мазутот – сега за килограм ќе чини 30,037 денари. Граѓаните бесни на низата поскапувања. Велат новиот ценовен шок со бензините не е добро да се случува постојано, а камо ли за време празници.
Колку за споредба ако во декември лани, дизелот се продавал за 55 денари за литар, сега цената е зголемена на 62 денари, што е поскапување од 7 денари за само четири месеци.
Дека задолжувањето го проби плафонот и психолошката граница е надмината, се огласија и од опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за прв пат во Македонија јавниот долг надминал над 5 милијарди евра, а државниот преку 4 милијарди. Според Владимир Нелоски економијата тоне, а државата на раб на банкрот.
– Ова црно економско трио за само три месеци од 2018 година успеа да ја задолжи државата и граѓаните за дополнителни 300 милиони евра. За толку е пораснат и државниот и јавниот долг од крајот на 2017-та година до крајот на март 2018 година.  Тоа е задолжување од над три милиони евра на ден. Три милиони евра дневно за покривање на расипништвото на криминалниот картел во владата. Клептоманите и измамниците во владата ветуваа независен фискален совет кој ќе го запрел непродуктивното трошење и задолжувањето. Замислете што ќе се случеше ако не го ветеа? Ќе ни влегуваа по дома и ќе не ограбуваа, изјави Владимир Неловски.
Во меѓувреме, според Статистика, платите на граѓаните се намалуваат, а трошоците за живот растат. Просечната плата во февруари е помала за 867 денари од платата во јануари. Тоа значи дека само еден месец траеше вештачката еуфорија на власт за висината на просечната плата, што е пад за 3%, а граѓаните живеат полошо од пред една година.
Одлуката на владата за повисоките давачки за нафта, предизвика и пораст на крајната цена на дел од производите. Најпогодени во целата ситуација се граѓаните, врз кои падна најголемиот товар од кои се плашеа, кој директно им удри врз и онака празниот џеб.
Инаку, бранот поскапувања почна од 1 јануари годинава како новогодишна честитка, со зголемување на акцизата на нафтата за 3,5 денари.