Откако се договори покачување на платите за медицинските сестри и докторите, администрацијата и помошно – течничкиот персонал во здравството министерот за здравство Венко Филипче ги заборави.
По средбата со овој персонал министерот Филипче им вети средба со министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски.
-Протестиравме кон крајот на ноември и ни ветија дека ќе се реши што и со нас. Не може за едни да има покачувања, за други да нема. Или за едни да биде 10 проценти за други 25 проценти. Сеге чекаме средба со министерот Манчевски, но немаме никаква информација. Очигледно не заборавија, а средбата беше ветена, вели вработен во Клиничкиот центар.
Во ноември протестираа од администрацијата во здравство и помошно-техничкиот персонал како на Клинички, така и од другите јавни здравствени установи.
На 13 ноември имаше средба на овој персонал со првиот синдикалец Горан Беговиќ, а потоа следеше средба со Филипче.
Незадоволството кај административно-помошниот пердонал порасна особено по одлуката платите на лекарите специјалисти да се зголемат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти. И медициснките сестри изразија револт што покачувањата за нив се во помал процент.