Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче.
Ова го откри бизнисменот Камчев на денешното судење за случајот „Рекет“, одговарајќи на прашање на обвинетиот Бојан Јовановски, пренесе „Фокус“.
-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.
Камчев не сакаше да одговори, но откако судијката инсистираше на одговор, бизнисменот рече:
„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.