Почнавте да вежбате и сè уште правите грешки кои ви оневозможуваат да ги постигнете најоптималните резултати.
Ова е совршен период да почнете да вежбате за да бидете во топ форма ова лето и не смеете да си дозволите вакви грешки кои ќе ве уназадуваат.
Овие совети ќе ви овозможат брзи резултати на најлесен начин, па прочитајте ги и не чекајте, започнете веднаш да ги применувате:
1. Вашето тело има потреба од протеини за да гради и поправа мускулни ткива. Има многу извори на здрав протеин, но најмногу го има во пилешкото месо, рибата, гравот, јајцата, брокула и многу видови на јаткасти плодови. Ако се одлучите за суплементи, во текот на 30 минути до еден час после вежбање, испијте 20 до 30 грама протеин, затоа што тогаш на телото тоа му е најпотребно.
2. Речиси сите јаглехидрати што ги јадете навечер пред спиење, автоматски се претвoраат во несакани масти.
3. Ако веќе не можете без леб, јадете леб со семки, затоа што не му се извадени нутритивни делови во процесот на производство и содржи добри масти и малку протеин.
4. За најефективни резултати тренирајте 45 до 60 минути дневно.
5. За накачување телесна тежина и градење силна мускулна маса, потребно е да вежбате со тежина со која може да направите од 8-12 повторувања во серија. Многу е поефикасно да накачувате тежина на теговите и да правите помалку повторувања во правилна форма, отколку да правите многу повторувања со иста тежина секој тренинг.
6. Внесувајте протеини на секои 3 до 5 часа, и не ја занемарувајте потребата за здрави јаглехидрати, особено после вежбање.
7. Добрата форма е најважна за резултати. За почеток, гледајте се во огледало додека ги правите вежбите.
8. Правете повеќе вежби кои ги инволвираат сите мускулни групи, наместо само една мускулна група. Така полесно ќе согорите калории и вежбањето ќе ви биде поефективно.
9. Држете баланс. Вежбајте го грбот, исто колку што го вежбате и стомакот, за целиот централен горен дел од телото да биде цврст.
10. Пред вежбање секогаш загрејте ги мускулите, а после вежбање истегнете ги.
11. Повеќето луѓе не губат калории затоа што не јадат доволно. Јадете 5 пати дневно избалансирани помали обрoци, на секои 3-4 часа за да го забрзате метаболизмот.
12. Мускулите растат надвор од теретаната, тогаш кога вашето тело одмара. За да избегнете мускулите да ви се воспалени и болни после вежбање, туширајте се една до две минути со многу ладна вода.
13. Ако сте од оние на кои често им се лоши во теретана и кои тешко го издржуваат притисокот, пијте сок од цвекло, бидејќи тоа ви дава повеќе енергија и го прави вежбањето не толку напорно. Исто така, додека вежбате препорачливо е да слушате музика, затоа што може да помогне побрзо и полесно да ви помине времето во теретана.
14. Немојте да трчате секој ден. Тоа не е ефикасно и само ќе ви направи да се чувствувате изнемоштено, а ви ги зголемува и шансите за повреда.
15. Направете вежбањето кардио да ви биде забавно. Наместо трчање, можете да правите многу други активности, како возење велосипед, пливање, скијање, возење ролери и слично.