Доколку посветите малку повеќе време на истражување, постојат многу природни работи со кои можете да си направите совршени козметички третмани во домашни услови. Еден од тие производи е сода бикарбона која има безброј намени, а ќе ви донесе и неверојатно чиста и убава кожа и коса, секако, доколку ја употребувате правилно и умерено.

Таа може да ја отстрани нечистотијата од кожата на лицето што ја прави совршен пилинг за негуван изглед. Во еден сад, измешајте малку сода бикарбона со вода, и добро втријте ја на кожата на лицето или по телото. За кратко, измијте ја добро со топла вода.

Во комбинација со вода и малку мед ќе ги отстрани мртвите клетки од површината на кожата, па така доколку имате сува кожа на рацете по само неколкудневна употреба ќе видите неверојатни резултати.

Токму со сода бикарбона ќе успеете да ги неутрализирате сите непријатни мириси, па тоа ја прави одличен природен дезодоранс. Кога се бањате, наполнете ја кадата со пријатна вода во која ќе додадете малку сода бикарбона и уживајте неколку минути.

Доколу имате проблематично лице, сода бикарбона е вашиот сојузник. Направете пилинг со сода бикарбона и малку млеко па добро измасирајте го лицето и оставете да стои неколку минути. Измијте го со ладна вода и намачкајте од кремата што редовно ја користите.

Да не заборавиме да споменеме дека токму овој производ е вистинскиот избор за масна коса, па така без да се двоумите додајте малку во вашиот шампон и по неколку дена ќе ја видите разликата. Секако, пред да ја употребите за било што, консултирајте се со вашиот лекар, особено ако имате проблеми со кожата и косата.