Генералниот секретар Горјан Донев со реакција за прес- конференцијата на Дарио Николовски, директор на студентските домови.
-Старите велат дека ако баба лаже трап не лаже!
Директорот на студентските домови, Дарио Николовски, вчера се обиде да ја демантира изјавата на членот на ИК на УМС Валентин Манасиевски, но безуспешно.
И ќе ти кажеме: ,,Лажеш Дарио, лажеш! Сликите во прилог се доволно за барем малку преку социјалните медиуми да ја видиш реалната ситуација во домовите, затоа што повеќе ги следиш медиумите него ли животот во студентскиот дом.
Сакаме јавно да го прашаме Дарио, дали воопшто се прошетал низ студентските домови? Дали набавката на мебелот која секој месец се реализира во изминативе 3 години еден ден ќе пристигне?
Дали Дарио барем еднаш седнал на ручек со студентите да ги вкуси „богатите“ оброци кои им ги сервира секојдевно?
Дали можеби Дарио прошетал низ студентскиот дом Кузман за да ги види во какви услови се тоалетите?
Очигледна е намерата студентите и младите да се залажуваат. Подолу на сликите јасно се гледа во какви услови се тоалетите во студентскиот дом Кузман. А за топла вода воопшто и да не говориме!
Централниот систем кој го споменувате во секоја наредна изјава досега требаше да профунцкионира а тој за жал воопшто не е ни почнат.
И додека внатре е руина, под секакви стандарди е животот во Кузман, Дарио сеуште се фали со цвеќиња и мачка очи дека нешто се работи.
Со 4 донирани соковници не се решаваат проблемите со оброците. Оброкот е далеку од богат, а камо ли да се збогати со смути. 3 години од мандатот и уште неколку месеци од заминување, од ветувањата реализиравте само смути, кое, срамота е во 21 век да се фалите со тоа.
Ова се сликите за катастрофалната состојба во која живее младата интелигенција во Република Македонија.
Македонскиот студент живее во субстандардни услови!
„Другари“, овае вистина а не лага. Ништо немате направено и затоа време е да си одите. Толку ви беше.
И за крај, ако толку си сигурен дека домовите блескаат, зошто не повика рандом студент (не СДММ), па да го прашаш какви се условите и дали се задоволни? Зошто држиш прес далеку од студентите?
Лагите веќе не поминуваат, ќе си одите!, стои во Фејсбук статусот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.