Венко Филипче е одговорен за уништување на инсулин со валиден рок. Венко Филипче не нуди одговори на клучните прашања и лиферува лаги со цел да го прикрие според нашите сомнежи очигледниот криминал со инсулинот, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Неговото главно тврдење дека производителот не гарантирал ладен ланец, е чиста лага, затоа што со купувањето на секој производ тој преставува грижа на купувачот, во овој случај министерството за здравство на Венко Филипче. Филипче не одговара на клучното прашање, а тоа е кога точно е произведен инсулинот, ако се знае дека рокот на траење е до 6-ти месец следната година. Не одговара затоа што овој инсулин е произведен во време кога Филипче е министер, а Заев премиер, истакна Стоилковски и додаде:
„Воедно Филипче не одговара зошто ако воопшто некој набавил сомнителен инсулин против него нема правна постапка и одговорност или пак се е лага за да се предизвика нова инсулинска криза и да се намести нов тендер. Потребна е кривична одговорност за Венко Филипче и за вклучените во уништувањето на инсулинот со валиден рок. Уништен е здрав инсулин и е направена штета на буџетот. Ја повикуваме државната комисија за спречување на корупцијата да утврди кривична одговорност за Филипче и останатите вклучени во уништувањето на инсулинот со валиден рок на траење. Сомневањата се дека е предизвикано намерно и свесно уништување со цел да се набави нова количина од близок на власта добавувач“.
Целата документација, подвлече тој, ја доставуваме до комисијата, а од Филипче очекуваме одговори на нашите прашања.