Загадувањето на воздухот и денеска руши рекорди. Имено, според мерните станици за квалитет на воздухот денеска до 11 часот најзагаден град е Струмица со над 311 ПМ 10 честички на метар кубен или речиси над 6 пати повеќе од дозволеното ниво.

Мерните станици покажуваат високо загадување на воздухот и во Битола и скопски Ректорат.

Граѓаните секојдневно се изложени да го дишат загадениот воздух, а од страна на локалните власти и централната нема никаква загриженост ниту пак преземање на итни мерки се со цел спречување на ваквото енормно загадување.

Лекарите предупредуваат дека е потребно избегнување на движење на отворени површини од страна на мали деца, хронично болни лица, како и бремени жени.