Научниците велат дека состојката во кората од јаболкото – наречена како урсолична киселина – може да го забави пропаѓањето на мускулите.

Истражувачите од Универзитет во Англија, кој се занимава со генетските промени кои предизвикуваат мускулна атрофија и замор на мускулите, објаснуваат дека урсоличната киселина е многу интересен природен спој кој мора да биде главен дел во режимот на исхрана. Тестирањето на неколку илјади хемиски соединенија кои можат да ја спречат мускулната загуба – довеле до заклучок усоличната кислина е најдобра за здравјето на мускулите.

Исхраната на експерименталните глувци била дополнета со мала количина на урсолична киселина и заклучиле дека на глувците мукулната маса е зголемена. Кај глувците хранети со кора од јаболко имало намалување на холестеролот и маснотиите во телото, кои се главен услов за артериска болест и оштетување на срцето.

Се верува дека усоличната коселина ги подобрува ефектите на инсулинот и фактрите за раст кои се од клучно значење за поголеми мускули. Оваа кислина е особено застапена во кората од јаболкото, но присутна е и во брусницата и сувите сливи.

Научниците се обидуваат да утврдат колку јаболки на ден треба да јадете за да мускулите се задржат во добра форма. Ако се докаже дека е потребна голема количина, сигурно оваа киселина ќе мора да се консумира во концентрирана форма како додаток во исхраната.