Кога станува збор за исхрана и она што добро му влијае на организмот, луѓето се откажуваат од многу нешта за подобро здравје: Цигари, алколхол, чоколадо, па дури и месо. Прочитајте што ќе се случи со вашиот организам доколку една година не консумирате месни производи.

1. Губење тежина

Според истражувањата и тестовите на универзитетот Вашингтон во САД, една личност што престанува да јаде месо губи од 4 до 5 килограми од тежината.

2. Помал ризик од срцеви заболувања

Вегетаријанската диета го намалува притисокот и холестеролот, а со тоа и ризикот од срцеви заболувања.

3. Дијабетес

Истражувањата откриле дека луѓето кои во една недела консумираат различни видови на месо имаат 29% поголеми шанси за заболување од дијабетес, за разлика од оние кои не јадат месо.

4. Рак

Светската здравствена организација го класифицираше преработеното месо како канцерогено, исто како зрачењето и пушењето.

5. Подобро чувство по вежбање

Тешката протеинска храна како месото придонесува за поголема болка во мускули по вежбање. Отпуштање на млечната киселина го забавува закрепнувањето и создава болки во мускулите.