На денешната собраниска седница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Пемова посочи дека лошите политики на оваа власт ги избрка граѓаните од Република Македонија, тоа токму се случи и со докторите и медицинскиот персонал.

Имам една информација дека само во изминатата година вкупно 789 лекари и останат медицински персонал ја напуштиле државата. И заминале на работа во Германија. И сега ќе ве прашам ако имате сосема поинаков концепт и пристап во здравствениот систем, дали овој концепт е добар? Или причината за понатамошното иселување на докторите и останатиот медицински персонал е токму во вашиот нов пристап и концепт во здравството, запраша Пемова.

Пемова додаде дека ако СДСМ ги има покачено платите на докторите како што ветуваа тогаш немаше да има толкав егзодус во здравствениот систем.

Ветувањето од 100.000 денари за специјалисти е една голема лага. Затоа сметам јас барем дека токму вашата лага и вашиот пристап, и новиот концепт во здравството е главната причина зошто луѓето си заминуваат од Македонија, нагласи Пемова.