Денес низ медиумите се појави веста дека сите МРП вакцини на кои стојат погрешно залепени декларации ќе бидат уништени од страна на компанијата „Македонија лек“, која ги дистрибуира. Тоа денеска го изјави директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Ќахил Ибраими. Дали на повидок е и нов мега скандал кој е поврзан пак со МРП вакцините?

Oд Министерството за здравство пред две недели по извршена внатрешна контрола во сите здравствени домови, соопштија дека било утврдено дека во вакциналните пунктови се пронајдени 635 кутии од МРП вакцината, на кои стојат погрешно залепени декларации. На прашањето зошто е донесена одлука за уништување на вакцините со погрешно залепени декларации доколку рокот не им бил истечен, Ибраими посочи дека лекот можат да го прогласат за неисправен доколку е оштетена кутијата, поради грешка, испорака и погрешна налепница.

Доколку ова е вистина што го кажа директорот на Агенција за лекови и медицински средства, зошто тогаш министерот за здравство, Венко Филипче упорно ги убедуваше родителите да ги вакцинираат своите деца, посочувајќи дека истите се безбедни. А, сега преку ноќ вакцините стануваат сомнителни и мора да се уништат?

Реакциите по социјалните мрежи не стивнуваат. По ова потребно е самото министерство да излезе со соопштение и да одговори на револтираните граѓани кои се револтирани со право бидејќи се работи за здравјето на нивните деца.