Граѓаните се гушат и се молат да заврне дожд за да се намалат канцерогените честички во воздухот. Инспекторатот не постои, а дури и да се изврши некаде контролa, резултатите се кријат и нема санкции за бизнисмените блиски до Заев. СДСМ откако е на власт граѓаните заборавија како изгледа да се дише чист воздух, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија три години тоне во смог, а власта предводена од Заев не мрда со прст. Ветуваа алпски воздух пред да дојдат на власт. Кога дојдоа на власт Македонија се претвори во огромен логор. Скопје се гуши, а ситуацијата и по другите градови не е нешто подобра. Граѓаните од Битола, Струмица, Тетово, Куманово, Кичево, Кавадарци го имаат истиот проблем. Загаденоста на воздухот го достигнува алармантното ниво, а Заев и неговата неспособна влада велат се е во главите на граѓаните, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на ова негрижа доаѓа крај. На 12-ти април граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите лаги, криминали. По 12-ти април доаѓа обнова на Република Македонија заедно со идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.