Ако сакате да си ги прегрнувате децата – правете го тоа и натаму, почесто. Еден ден за тоа ќе ви бидат благодарни.
Според најновите истражувања, прегратката, тој несомнено најискрениот облик на физичка наклонетост, е многу важна за развојот на детето.
Истражувањето било спроведено во Националната детстка клиника во Охајо со кое биле опфатени 125 деца, меѓу кои имало и предвремено родени.
Було утврдено дека со гушкањето на децата и покажувањето на нежност, кај децата се предизвикува силна реакција во мозокот, со што тие побрзо се развиваат.
Да се сака своето дете и да се биде нежен кон него, не е само убаво и хумано, туку и многу корисно.
Д-р Натали Метр, водител на истражувањето, објаснува дека овој едноставен чин има огромно влијание врз детскиот мозок.
Во текот на гушкањето, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции, се ослободува во големи количини и придонесува за јакнење на врската помеѓу мајката и детето.
Недостигот од прегратка и топлина може негативно да влијае врз детето, да се намали неговата самодоверба и да се отежне комуникацијата со другите луѓе.
Треба да знаете дека секојпат кога ќе гушнете некого, вие не само што покажувате наклонетост, туку и го зголемувате нивото на окситоцин и го подобрувате целокупното психичко здравје.