Често луѓето носат чудни одлуки за кои подоцна се покајуваат, одлуки базирани чисто на основа на еден скриен страв за кој не се зборува – стравот од осаменост.
Не е тешко да сфатиме како се појавува овој страв од осаменост: се враќаме во празен стан после работа, нема со кого да разговараме во здодевните недели, чувството на исклученост од настаните околу празниците… секој од нас барем еднаш се нашол во ваква ситуација.
Но, она за кое уште помалку се зборува е високата цена што некои од нас ја плаќаат за да не се чувствуваат осамени, односно, да не се соочат со стравот од осаменост.