Здравствената администрација најавува тужба, иницијатива до Уставен и протест

Координативното тело на здравствена администрација и помошно-технички лица на Јавните здравствени установи информира дека ќе поднесе тужба и најавува дека незадоволството ќе го искаже на протест. -Заради дискриминаторен однос од…

Координативното тело на здравствена администрација и помошно-технички лица на Јавните здравствени установи информира дека ќе поднесе тужба и најавува дека незадоволството ќе го искаже на протест.

-Заради дискриминаторен однос од страна на Министерствотто за здравство, Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници, и други јавни здравствени установи и Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита кон административниот здравствен персонал и потпишувањето на штетниот и неуставен Колективен договор за здравствена дејност, Ви најавуваме дека ќе поднесеме тужба, иницијатива до Уставен суд и се прават подготовки за изразување на нашето незадоволство преку протест, велат тие.


Related Articles