Министерството за труд и социјална политика денеска ја информира јавноста дека им е понудено сместување  во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово на семејствата чии домови изгореа во вчерашниот пожар во населбата Шуто Оризари.

-По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, министерката Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен, се со цел навремено згрижување на семејствата.

Екипа на ЦРС Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од семејствата кое прифатило, ќе биде сместено веднаш.

Исто така, МТСП ќе обезбеди еднократна парична помош за семејствата како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите.

Уште еднаш, МТСП изразува длабоко жалење за немилиот настан кој вчера ја потресе Македонија, стои во нивното соопштение до јавноста.