Најважното правило за здрав живот е минимум осум чаши вода дневно. Доколку вежбате и се обидувате да ослабнете, добро е да знаете дека со било кој посебен режим на исхрана нема да ги постигнете очекуваните резултати без правилно внесување на вода во организмот.
За циркулацијата, но и за оптималната работа на цревата, количеството на вода кое го внесувате е пресудно.
Сепак, и за ова постојат дебати. Можеби сте слушнале дека се’ погласно се зборува дали е подобро да се консумира ладна или топла вода. Всушност, за правилно функционирање на организмот добри се и двете опции, но постојат правила.
Ладна вода
Не постои подобар начин за освежување од ладна вода, а еве како треба да ја пиете и зошто е добра.
– Пред тренинг го забрзува топењето на калориите.
– Ја симнува температурата на телото.
– Расонува.
– Ако сте нерасположени, може значително да влијае на вашата психа.
Топла вода
Можеби сте слушнале за Ајурведска медицина, целосен систем на лекување од Индија која користи конститутивен модел. Нејзината цел е да овозможи водич кон исхраната и животниот стил на луѓето за да можат да останат здрави како и на луѓе кај кои може да го подобри нивното здравје. Според ова учење топлата вода е секогаш добар избор, особено наутро по будењето, бидејќи ја потикнува работата на сите органи и е одлична за метаболизмот. Топлата вода е благодет и за уште неколку други работи.
– После тренинг, против болки во мускулите.
– Го спречува стареењето на кожата.
– Одлична е за работата на цревата.
– Нема да имате проблем со варењето на храната.