Една од дефинициите за метаболизмот вели дека тоа е процес со кој калориите од храната во нашето тело се претвораат во енергија. Од организмот и од неговата будна состојба зависи колку и како таа енергија ќе ја трошиме.
Секогаш се повикуваме на тоа и велиме дека со стареењето метаболизмот забавува и дека одбраната од дебелеење сѐ повеќе слабее. И тоа е точно.
А луѓето се делат на оние со брз и на оние со бавен метаболизам. Најважно е да се пронајде баланс, бидејќи и едниот и другиот имаат свои недостатоци. Она што е факт е дека брзиот метаболизам согорува многу повеќе енергија, органите работат со „полна пареа“ и се оштетуваат, а сето тоа води до забрзано стареење.
Што предизвикува забавување на метаболизмот?
* Губењето мускулна маса при што доаѓа до зголемување на количеството масти во организмот.
* Стареењето е природен процес со кој се забавува метаболизмот. На секои десет години брзината на согорување на енергијата се намалува за пет проценти.
* Хипотиреозата е фактички облик на забавено согорување на енергијата. Забележливо е дебелеење.
* Премалку сон. Во будна состојба доаѓа до лачење грелин, кој го зголемува чувството на глад, па телото бара храна. Ноќните оброци ги оптоваруваат органите, а тие тогаш треба да одмораат.
* Неправилна исхрана. Непочитувањето на принципот за правилна исхрана, која се состои од три главни оброци и две ужини, доведува до тоа неадекватниот внес на материи да предизвика неправилно трошење на енергијата.
* Недоволно вода. Дехидрацијата на телото за два отсто го забавува согорувањето на калориите. Испијте барем половина литар вода повеќе и вашиот организам ќе се потруди да ги забрза метаболичките функции.
* Стресот исто така е еден од најчестите предизвикувачи на забавен метаболизам.
НАСОЧЕТЕ ЈА ЕНЕРГИЈАТА ВО ВИСТИНСКАТА НАСОКА!
Како да се разбуди заспаниот метаболизам, кој најчесто е комбинација од нередовно спиење, неправилна исхрана и недвижење?
* Десет минути смеење ја зголемува потребната енергија во најпозитивна смисла (ги вентилира белите дробови, доаѓа до притисок врз цревата, па низ нив се исфрлуваат токсините).
* Консумирајте зелен чај, кафе, лути зачини, грејпфрут, бадеми, цимет и ѓумбир.
* Вежбајте барем половина час во текот на денот. Се вели дека енергијата што се троши на тој начин позитивно влијае на здравјето.
Особено се ефикасни утринските тренинзи.