Постојат огромен број видови на кафе. Домашно кафе кое го правите дома, еспресо, филтер кафе, кафе без кофеин, кафе од апарат, нес кафе, турско кафе и итн. Она што е важно е да го пронајдете она кое најмногу вам ви одговара.

Експертите посочуваат дека доколку припаѓате на оние луѓе кои пијат повеќе од 4 кафиња на ден – навистина претерувате. Оптимално е 2-3 шолји на ден.

Доколку имате проблем со несоница и сте раздразливи, можно е да сте преосетливи на кафе.

Препорачаната доза на кофеин е 200-300 мг, што е шолја или две на ден.