Постојат огромен број на задоволства и активности кои се добри за нашето здравје – како на пример планинарење, прошетки во парк, до разни други активности кои го прават животот поинтересен и поубав. Меѓутоа тоа не го практикуваме. Ги одбиваме поканите за прошетки, на спортски активности скоро да не ни помислуваме. Постојано се жалиме дека нешто нè мачи: болки во грбот, вкочанетост на мускулите, ревматизам…Што ако сите овие проблеми се резулатат на невропатична болка? Време е да ставиме крај на ваквите непријатности и да си ја повратиме самодовербата.
Оштетување на нервите може да доведе до оштетувањето на нашиот алармен систем на болката. Во медицинскиот речник таквата болка се нарекува невропатична болка и често се карактеризира со несакано будење среде ноќ, пецкање и печење на кожата и слично. Некои луѓе може да почнат да чувствуваат болка дури од нежниот допир на сопствената облека или од чаршавите, кои до неодамна им обезбедуваа удобност и топлина додека спијат. Оставени на случајност, невралните оштетувања можат да се влошат со текот на времето и да нè „заклучат“ во состојба на постојана болка. За среќа, постојат начини болката да се контролира, па дури и да се лекува.
Во човековото тело има околу 100 милијарди неврони, при што секој неврон е поврзан со најмалку 10.000 други. Тие варираат по форма и големина, но структурата им е слична – секој од нив има тело и продолжетоци. Едниот продолжеток, наречен аксон, е подолг од другите и е покриен однадвор со посебна миелинска обвивка, која игра улога на изолатор при пренесување на нервниот импулс. Преку аксонот, клетката испраќа информации до другите клетки. Кога миелинската обвивка („изолаторот“) е нарушена, невронот не може да функционира нормално и се појавуваат разни симптоми, вклучително и болка.
Клучни за здравјето на нервниот систем се витамините од групата Б, па нивниот недостаток доведува до невропатии, дегенерација, сензорни лезии, нарушени нервни патеки. Според статистичките податоци, околу 32% од луѓето со дефицит на витамин Б развиваат генерализирано оштетување на периферните нерви. Спротивно на тоа, нивниот внес може да придонесе за контрола на болката, за регенерација на нервниот систем, за нормализирање на рефлексите и чувствителноста.
А пак внесувањето на уридин монофосфат го забрзува санирањето на оштетените нерви и може да го потисне сигналот за болка. Комбинацијата на уридин монофосфат и Б-витамини е оптимално дозирана во Urimil, иновативен лек, за да се спротивстави на болката во невропатиката со санирање на оштетените периферни нерви. Ако имате „нервна болка“, разговарајте со вашиот лекар за можноста за земање на Urimil во комбинација со други ефективни мерки како што се контрола на тежината и физиотерапија.
Грижата за сопственото тело и состојбата на нервниот систем започнува уште во моментот кога ќе се појават првите симптоми на невропатична болка. Затоа, Urimil капсулите треба да бидат главна асоцијација за безгрижен живот без болка – крај на невропатичните маки, вкочанетоста и непријатното чувство на болка во мускулите и зглобовите.