Сингапур денеска потврди уште два случаи на заразени од новиот тип на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство на оваа земја, еден ден откако беше регистриран првиот случај.
Британските медиуми пренесуваат дека Министерството очекува уште случаи со заразени, пред се, заради развиените туристички врски со кинескиот град Вухан.