Сите луѓе кои планираат да ја посетат или доаѓаат во Германија од високо-ризичните региони во светот задолжително ќе мора да прикажат негативен тест за коронавирус.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја објави оваа информација денеска на јавноста откако за 24 часа беа регистрирани нови 1 045 нови случаи на коронавирусот, што е прв дневен скок над 1 000 новозаразени лица за еден ден во последните три месеци.

Од минатата сабота се спроведува бесплатен тест за сите меѓународни патници кои пристигнуваат во државата.

Шпан верува дека зголемувањето на бројот на заразени лица се должи на патниците кои се враќале од странство и непочитување на физичката дистанца.