Министерството за здравство контра тврдењата на директорот на Институтутот за белодробни заболувања и туберкулоза. Стручната комисија формирана од министерот Филипче утврдила дека посочените 21 пациент имале туберкулоза, биле навремено  дијагностицирани и соодветно лекувани.

– Пациентите се лекувани во период од три месеци, што е вообичаено време за медицински третман на ТБЦ, согласно протоколите. Исто така, согласно медицинската документација, болеста била навремено препознаена од избраниот лекар, стои во писмениот одговор од здравство.

Комисијата беше формирана да ги испита досиејата на сите 21 пациент за кои директорот на Институтот за ТБЦ изјави дека биле лекувани од 6 месеци до година дена, а болеста не им била дијагностицирана.

Останува нејасно зошто првиот човек на Институтот излезе со вакви тврдења на меѓународниот ден за борба против туберкулоза и дали после извештајот на стручната комисија министерството ќе побара негова оддговорност?