Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Направени се 2.743 тестови преку: ИЈЗ-437, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово–23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–21, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-137, Биотек-143, Систина-78, лабораторија Лаор-94, Синлаб-185, Ремедика-9, Плодност–18, Генеа–12, Никоб лаб-382, ВФВ Медикал-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 986.

Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.