Инфаркт и мозочен удар се најчестите причини за смртност во Македонија.

Зад нив се малигните, респираторните заболувања и дијабетесот, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје.

Според експертите околу 60 проценти од смртните случаи во земјава се поради кардиоваскуларни болести.

За подобрување на здравјето експертите советуваат: откажување од пушењето, умерено консумирање алкохол, здрава исхрана и редовна физичка активност.