Граѓанското движење за здрава животна средина 02 иницијатива тврди дека лица од министерството за екологија предводени од Јани Макрадули лажат за обврските од конвенцијата од Базел.
“Претставници на МЖСПП, на чело со заменикот министер Јани Макрадули ја манипулираат јавноста околу забрана за увоз на отпад поради Базелската конвенција” пишува иницијативата.
Според нив вистината е дека потписничките на Базелската конвенција имаат право да забранат увоз на опасен и друг отпад, а нема ниту потреба од било каков реципроцитет за забрана на увозот.