Јајцата не го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести кај луѓето во фаза пред дијабетес или кај оние кои веќе имаат дијабетес тип 2, покажуваат новите истражувања. на Универзитетот на Сиднеј.

Имено, тим истражувачи спроведе експеримент кој покажа дека дури ни 12 јајца неделно не претставуваат опасност од кардиоваскуларни заболувања кај лица коишто имаат предуслови да добијат дијабетес или пак, кај оние што веќе имаат дијабетес тип 2.

– Без обѕир на советите што ќе ги најдете во стручните списанија, нашата студија покажа дека не е потребно да избегнувате јајца, и дека тие ја чинат исхраната здрава… Предрасудите произлегуваат од тоа дека жолчките содржеле премногу холестерол, па тоа ќе влијаело на повишувањето на крвниот притисок и шеќерот, изјави д-р Николас Фулер, автор на трудот.

Кај лицата кои страдаат од дијабетес тип 2 немало ниедна од овие претпоставени состојби по изедени 12 јајца, па според научниците, таа теорија отпаѓа.

– Јајцата се извор на протеини и микронутриенти, кои го подобруваат нашето здравје т.е. влијаат добро на видот, срцето, крвниот притисок и на бременоста, додава д-р Фулер.