Во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна нега во Ѓорче Петров позната како Геронтологија попладнево имало пожар. Пожарот е локализиран во просторот под приземјето. Токму во овие простории се наоѓа кујната, пералната, како и сите резерви на храна, лекови.
-Сериозна е ситуацијата зошто сите се лежечки пациенти. Како ќе им се подготвува храна, а стравуваме и за резервите со лекови и постелнина, велат вработени во Геронтологија.
Тие укажуваат дека проблемот е што никој не кажува за тоа каква и колкава е штетата и што точно се случило.
-Мора да знаеме како вработени, зошто мора да се грижиме за лицата кои лежат во болницата, говорат вработените.
Од Геријатрија пак молк. Оттаму не го ни потврдуваат случајот.