Правилното држење на ‘рбетниот столб не е само естетски убаво, туку многу е важно и за здравјето. Доколку ‘рбетот е во правилна положба, болките во грбот ќе исчезнат.
Физичката активност е најдобро решение во овој случај, а постои една вежба што најефикасно ги елиминира овие проблеми.
Оваа техника е многу едноставна за изведување, а највлијателна е кај луѓето што имаат проблеми со неправилно држење и болки во грбот и вратот.
Секоја година расте бројот на луѓе што се борат со ваков вид болка. Доколку спаѓате во оваа група, оваа техника е како создадена за вас. Потребно е да издвоите само неколку минути дневно, а резултатите ќе бидат видливи по 2 недели.
Па така, за да имате држење како на балерина, еве што треба да направите:
Исправете се
Раширете ги нозете во ширина на рамена
Гледајте право пред себе
Испружете ги рацете покрај телото и почнете внимателно да ги кревате над главата така што дланките ќе ви се допираат.
Спојте ги дланките, а потоа и надворешните страни на дланките и повторете го тоа неколку пати.
Вратете ги рацете во почетната положба.
Правете ја оваа вежба 10 минути.