Црниот дроб е вториот најголем орган во нашиот организам и е од големо значење бидејќи ги преработува сите токсини кои се внесуваат во организмот.
Покрај тоа, црниот дроб е одговорен за нормалното одвивање на метаболните процеси, детоксикација на крвта, складирање на материи, одбрана на организмот, елиминирање на токсините од телото. Затоа, многу е важно да се чува здравјето на црниот дроб, а најдобар начин да се постигне тоа е правилната исхрана.
Со правилната исхрана ќе ја подобрите работата на црниот дроб и ќе овозможите одвивање на биохемиските процеси. Прочитајте која храна ќе ви помогне во тоа, па од денеска на вашето дневно мени нека има повеќе од овие намирници.
Цитрусно овошје
Лимонот, портокалот, цитронот и другите цитрусни овошја содржат состојки кои ги елиминираат токсичните материи. Тие се богати со витамин Ц и антиоксиданси, па затоа помагаат за природна детоксикација на црниот дроб. Исто така, овие плодови му помагаат на црниот дроб да ги трансформира токсините во материи кои се раствроливи во вода. Цитрусните плодови нека ви бидат навика секој ден, јадете ги свежи или комбинирајте ги во цедени сокови. Најдобар ефект ќе добиете доколку ги конзумирате наутро.
Јаболка
Јаболкото е одлично за детоксикација на организмот бидејќи содржи голем број на состојки кои му помагаат на црниот дроб да ги елиминира токсините од организмот. Јаболкото содржи јаболкова киселин која многу помага при отстранувањето на токсините, а и против канцерогените материи од крвта. Секое утро јадете барем по едно јаболко или пак направете овошна салата или свежо исцеден сок.
Цвекло
Цвеклото покрај тоа што е одлично за крвта, ја подобрува и функцијата на црниот дроб. Бидејќи е богато со бета-каротен и флавоноиди, цвеклото игра голема улога во подобрувањето на здравјето. Затоа, практикувајте почесто сочни салати од цвекло, комбинирајте со зелка и моркови или пак пијте свежо цедени сокови.
Зелка
Зелката е одлична, кога станува збор за прочистување на црниот дроб, бидејќи содржи голем број на состојки кои ја поттикнуваат работата на ензимите и ја подобруваат неговата функција. Секаков вид на зелка е добредојден, а особено сега во зимските денови практикувајте да јадете повеќе на свежа салата или пак кисела зелка. Најдобро е да ја конзумирате свежа, во комбинација со цвекло и моркови.
Брокули
Свежи или приготвени на пареа, брокулите нека станат дел од вашата дневна трпеза. Тие се одлични поради тоа што содржат антиоксиданси, фолна киселина и витамини и помагаат во детоксикација на црниот дроб. Покрај тоа тие прават детоксикација на целиот организам! Друго што е важно да се знае за брокулите е тоа дека содржат изотиоцијанат, којшто помага при ослободување од канцерогените материи во вашиот организам.
Лук
Добрата работа е што лукот е дел од скоро секое јадење. Тој е богат со сулфур, селен и алицин, коишто се одлични за елиминација на штетните материи од организмот и совршено му помага на црниот дроб. Овие состојки се добри, селенот помага при природната детоксикација, алицинот против штетните агенси, додека сулфурот ја подобрува работата на ензимите. Затоа, заборавете на неговата непријатна миризба и внесувајте го секој ден!