Генерално, вежбањето го подобрува имунитетот, а со тоа се намалуваат и ризиците за габични инфекции, но треба да се внимава и на многу други нешта и да се чувате од евентуални повреди во долниот абдомен и карличниот дел.
1. Пречесто возење велосипед
Според гинеколозите, предолгото возење велосипед може да предизвика нечувствителност и болка во вагиналниот дел. Ваквата состојба во иднина може да доведе до трајно оштетување на нервите во овој дел. Затоа е важно внимателно да се избере велосипедот, но и седиштето да биде соодветно, како и целосната опрема за возење, која има дополнителна заштита во делот кај задникот и интимата.
2. Вежбате веднаш по породувањето
Најчестиот совет кој новата мајка може да го добие од докторите, но и од семејството, е во првите 40 дена по породувањето да одмара и да не презема големи активности. Токму толку време му треба на телото да се смири и да се врати во првобитната состојба. Вежбањето веднаш по породување може дополнително да го забави закрепнувањето и враќањето на тонусот на мускулите во абдоменот.
3. Пречесто отстранување на срамните влакна
Срамните влакна служат за да создадат изолација меѓу вашата кожа и директните надворешни влијанија. При нивно отстранување, било со восок или со брич, на површината на кожата се создаваат мали оштетувања, кои може лесно да бидат изложени на пот и бактерии, особено доколку носите облека за вежбање изработена од синтетички материјали. Избегнувајте да вежбате доколку штотуку сте се издепилирале и внимавајте на интимната хигиена.
4. Носите претесни хеланки за вежбање
Тесните хеланки произведени од синтетички материјали се ризик за целата кожа која ја покриваат, вклучувајќи ја и вагината. Преголемата влажност во овој дел може да предизвика инфекции. Обезбедете си опрема за вежбање произведена од памук, за да може кожата да дише.
5. Скокање горе-долу
Неумерената физичка активност создава многу притисок во абдоменот и пелвичниот дел од телото. Ако премногу скокате или претерувате со трчање на лента, можно е да заслабнат абдоминалните и пелвичните мускули и да се изгуби цврстото држење на органите на свое место во пелвичната празнина. Советувајте се со гинеколог кои вежби се добри за вас, а кои треба да ги изведувате со намален интензитет.
6. Носење танга и полутанга
Ваквите модели се идеални за нарушување на здравјето и балансот во вашите интимни делови. Ткаенината на овие гаќички се трие од вашиот анус, а кога подолго се движите, нивното измрдување може да пренесе бактерии како ешерихија коли во вагината. Тоа носи огромен ризик за вагинална и уринарна инфекција, па затоа за вежбање изберете најобични памучни гаќички.
7. Предолго ја носите опремата за вежбање
Колку и да живеете блиску до салата за вежбање, или пак да сте жедни, времето поминато во облеката за вежбање треба да биде сведено на минимум. Најдобро е всушност, веднаш по вежбањето да се пресоблечете во сува облека, а веднаш кога ќе стигнете дома да се истуширате. Вашата вагина треба секогаш да биде чиста и сува, за да се избегнат инфекции предизвикани од потта и отровите кои излегуваат преку неа.