Игнорирањето на чувствителните заби може да го наруши вашето здравје. Ричард Маркес, стоматолог на бројни познати личности, вели дека постојат едноставни трикови како да излезете на крај со ваквиот проблем.

Забна паста

Избирајте забна паста која содржи калиум нитрат. Активните состојки ги блокираат ситните дупчиња на површината на забите и делуваат како штит кој ќе ги смири воспалените нерви.

Користете сламки за пиење

Пробајте речиси сите напитоци да ги пиете со помош на сламка. На тој начин течноста нема да допира до вашите заби и со тоа ќе избегнете разни потенцијални оштетувања.

Внимавајте на температурата

Избегнувајте напитоци кои се премногу топли или студени. Екстремните температури ја поттикнуваат болката, па затоа бирајте напитоци кои се на собна температура и користете млака вода додека ги миете забите.

Користете течност за испирање на устата

Освен пастата за заби, течноста за испирање ги отстранува нечистотиите и останатите бактериски наслаги на забите, а воедно и го освежува здивот. Избегнувајте производи кои содржат алкохол бидејќи тие не се погодни за секојдневна употреба.

Избегнувајте слатка и кисела храна

Избегнувајте кисела храна, посебно оцет. Високата содржина на шеќер и киселост во храната може да предизвика ерозија и оштетување на забите и непцата, пишува “Harper’s Bazaar”.