Финска го удвојува породилното отсуство за татковците

Најмладата премиерка во светот, Сана Марин (34), планира измени во законите со кое би ги удвоиле деновите за породилното отсуство на татковците во Финска. Со тоа мајките и татковците би…

Најмладата премиерка во светот, Сана Марин (34), планира измени во законите со кое би ги удвоиле деновите за породилното отсуство на татковците во Финска. Со тоа мајките и татковците би имале еднакво право на платено породилно отсуство соопштуваат од властите во Хелсинки.

Новата влада составена од коалиција од пет парламентарни партии на чие чело се жени, има во план двојно да го зголеми платеното породилното отсуство за татковците за нивното прво дете, со тоа отсуството ќе се зголеми на седум месеци, колку што е предвидено и за мајките.

Финската влада објави дека планира и на двајцата родители да им даде исто породилно отсуство, со цел да им се овозможи на татковците да поминуваат повеќе време со своите новородени деца. Платеното отсуство ќе се зголеми на вкупно 14 месеци, односно на 164 денови по родител.

„Радикалната реформа на семејните придобивки започна, со цел од старт да се зацврсти врската на родителите“, изјави министерката за здравство и социјални работи Аино-Каиса Пеконен.

Шведска, пак, го има најдарежливиот систем на породилно отсуство во Европа, при што секој родител добива по 240 слободни платени денови по раѓањето на бебето.

Според досегашниот систем, мајките имаа 4,2 месеца породилно отсуство, а татковците добиваа 2,2 месеца додека детето не наполни две години, што сега ќе биде зголемено на 6,6 месеци за секој родител.

Ова е уште еден позитивен пример како земјите во светот се борат со иселувањето на своите жители од земјата и со падот на наталитетот.


Related Articles