Плакнете го грлото редовно, на секои 2-3 часа.

Овој рецепт на руската традиционална медицина за лекување на болка во грлото и крајниците е многу едноставен.

За подготовка е потребно 1 големо цвекло и алкохолен оцет (9 %).

Подгответе природен лек на следниов начин:

– Изрендајте го цвеклото ситно. На 250 грама рендано цвекло додадете 1 лажица оцет (на 500 грама – 2 лажици). Промешајте и оставете да отстои 15-20 минути.

– Процедете добро преку газа или пластична цедалка. Остатоците од цвеклото фрлете ги.

– Редовно плакнете го грлото, на секои 2-3 часа (можете и да го голтате, за подобар ефект) и резултатот нема да недостасува.

На овој начин цвеклото успешно го лечи хроничното воспаление на грлото и гнојната ангина.