Во Литванија објавен труд на младиот лекар Петар Марков од областа на хирургијата
Во научното списание Lietuvs chirurgija, на Универзитетот во Вилнус, Литванија беше објавен труд на младиот лекар Петар Марков од областа на хирургијата. Станува збор за списание во кое се објавуваат трудови од доменот на клиничка и експериментална хирургија и поврзаните науки а самиот труд е изработен под менторство на доц. д-р Александар Митевски.
Во објавата е прикажан и објаснет редок случај на миграција на хидатидна циста во интраперитонеалната празнина кај пациентка со ехинококоза за кој се дадени препораки кои придонесуваат кон поефикасна дијагностика и решавање на овие случаи.
Во Република Македонија за ендемски подрачја за ова заболување се смета токму Струмичко-валандовскиот регион.