ОВЕН
Пред вас е нова работна понуда која би можела да ви се чини многу интересна. Се надевате на средба со личност која во вас буди силни чувства. Наскоро ве очекуваат нови љубовни промени. Проблеми со желудник.
БИК
Околностите ви одат во прилог кога е во прашање работата. Може да очекувате позитивен ден. Имате доверба во вашиот партнер со кои односот ви е многу добар. Судбината ви е наклонета. Одморајте.
БЛИЗНАЦИ
Може да се каже дека пред вас е добар ден за нови случувања. Ве очекува период во кој ќе склучите некои важни контакти. Ви се допаѓа личност која делува дистанцирано од вас. Минлива вознемиреност.
РАК
Немојте да бидете брзоплети на ова поле. Покажете дека сте подготовени да сочекате нова прилика. Пред вас е многу убав период за нови познанства и за почеток на врска. Полека ќе се препуштите на чувствата. Проблеми поради надуеност.
ЛАВ
Потрудете се да се посветите на работата максимално и што повеќе да се ангажирате околу остварување на нови цели. Наклонети сте кон претерување со очекувањата на ова поле. Можно е денеска да имате караница со партнерот. Зголемена температура.
ДЕВИЦА
Можно е пред вас да се поставени високи очекувања на работното поле, и понекогаш да имате проблеми поради самодовербата. Сакате да си дозволите некое убаво изненадување кон личноста која ви значи. Внимавајте на крвниот притисок.
ВАГА
Можно е да имате некои мали компликации на работното поле, и поради нив да бидете под стрес. Можно е со саканата личност да имате се помалку емоции и да настапува фаза на оддалеченост. Проблеми поради стрес.
ШКОРПИЈА
Имате шанса да покажете дека сте подготвени да напредувате. Надредените за вас имаат добро мислење. Очекувајте ново познанство кое постепено ќе ве води кон емотивна врска. Проблеми со синуси.
СТРЕЛЕЦ
Препорака е да водите сметка околу комуникацијата со работното опкружување кое не ви е многу наклонето.Потребно е на партнерот да му ги покажете своите чувства, за односот да ви тргне во подобар правец. Водете сметка околу исхраната.
ЈАРЕЦ
Потребно е да поработите на организацијата за на работното поле да ја подобрите ситуацијата. Ве очекува период во кој ќе бидете задоволни од околностите на ова поле. Сосема добро.
ВОДОЛИЈА
Тешко ви е да донесете одлуки кои се од пресудно значење за вашата работна ситуација. Потребно е да го подобрите односот со партнерот. Вашата врска може да тргне во подобар правец. Крвниот притисок ви варира.
РИБИ
Ве очекува период во кој ќе имате можност да остварите позитивна ситуација на полето работа. Опуштете се со саканата личност. Вашиот однос во следниот период би можел да тргне во добар правец. Уморни сте.