Истражувачи од Универзитетот во Колорадо направија истражување кое тврди дека храната богата со масти и шеќери создава зависност и прави да е потешко да престанете со јадење. Преработената храна создава голема зависност и е откриено дека таа не е воопшто здрава за вас.

Ова се десетте видови храна кои создаваат најголема зависност:

Пица
Чоколадо
Солени грицки
Бисквити
Сладолед
Чипс
Чизбургер
Газирани пијалоци
Торта
Сирење

На листата од десетте „најзаразни“ видови храна, сирењето е единствената храна која не е преработена, а неколку места подолу се најде и сланината.

На спротивната страна од листата се наоѓаат видовите храна кои во себе скоро и да не содржат воопшто шеќер или масти, како што се кафениот ориз и лососот. На врвот на листата на видови храна кои најмалку создаваат зависност се наоѓа краставицата, која е скоро буквално вода, односно 90% од неа се составени од водa.

Видови храна кои создаваат најмала зависност:

Краставица
Морков
Грав
Јаболка
Кафен ориз
Брокула
Банана
Лосос
Пченка
Јагода