Дали сте зборливи, непоправливо романтични или пак сте кавгаџија и „молчелива“ личност? Овие ваши особини можат да влијаат на вашето здравје.

Психолозите велат дека постојат шест типови на личности, а еве како тие го одредуваат здравјето на луѓето.

Позитивни

Позитивните луѓе се обично расположени за разговор, друштвени се и сакаат да бидат „во срцето“ на забавата. Меѓутоа, последната наведена особина може да биде и негативна бидејќи често ги охрабрува да усвојат некои лоши навики како прејадување, претерано внесување на алкохол, а тоа го зголемува ризикот од дебелеење и хронични болести како дијабетес или болести на срцето.

Личности кои се согласуваат со сите

Тоа се луѓе од доверба, кои приврзаноста кон некого ја покажуваат без проблеми, иако прават компромис и над се сакаат добро да се согласуваат со сите.

Меѓутоа, тие се изложени на голем ризик од дебелеење и здравствени проблеми поврзани со стрес, како и од дијабетес, а тоа е најмногу поради тоа што сакаат да им погодат на сите.

Научниците при спроведувањ на експеримент утврдиле дека доколку двајца пријатели нарачат десерт, личноста која е од ваков карактер ќе се потруди да внесе иста количина на храна само з пријателот да не се чувствува непријатно.

Отворени

Во овој тип на личности спаѓаат луѓе кои имаат многу развиена фантазија и се љубопитни. Тие сакаат да пробаат нови искуства и имаат многу различни интереси.

Доколку влегувате во оваа група, имаме добра вест за вас – истражувањата велат дека овие особини добро влијаат на општото здравје.

Колку овие особини се поистакнати, толку е помал ризикот од инфаркт, срцеви заболувања и зголемен крвен притисок.

Невротични

Невротичните луѓе се емоционално нестабилни, анскиозни, депресивни, често го менуваат расположението и ги иритираат дури и секакви ситници.

Невротичните личности кои константно се загрижени поради нешто се со поголеми шанси за развој на некои заболувања во подоцните години од животот, покажа истражување во Мичиген.

Романтични

Лицата кои се романтични почесто се гушкаат и се бакнуваат со својот партнер. Романтичните лица имаат и понизок крвен притисок и понизок пулс во однос на оние кои немаат толкав физички контакт со партнерите.

Кавгаџии

Луѓето кои постојано влегуваат во кавги често чувствуваат во себе бес и лутина, а тоа ги прави да бидат зависни од никотин, нездрава исхрана, и обично се физички неактивни.

Овие лица се со поголем ризик од дебелеење, зголемен крвен притисок и холестерол.