Во Сиетл, почина уште еден човек од новиот коронавирус, со што бројот на жртви достигна 10, додека нови случаи се пријавени во два од најголемите градови во САД – во Њујорк и во Лос Анџелес.
Медицински службеници исто така ја пријавиле и првата смрт од Ковид-19 во Калифорнија, постар човек кој бил регистриран како втор заболен во таа американска држава.
Бројот на заболени во подрачјето на Сиетл се искачи на 39, вклучувајќи и 10 смртни случаи, најмногу во САД.