Денеска до Основното јавно обвинителство и Републичкото јавно обвинителство ги поднесовме индициите за сторен криминал и можна корупција во врска со скандалот Шпанско село 2, де што според нас е во режија на министерот за здравство Венко Филипче. Ги поднесовме индициите и очекуваме институциите сами овој пат да поработат експедитивно, како што експедитивно поднесуваат обвиненија и носат пресуди кога станува збор за оние што имаат критика кон власта, кон октоподот, кон Зоран Заев, па да видиме со каква експедитивност ќе поработат Вилма Русковска, Љубомир Јовевски и другите обвинители туку во Републичкото и основното јавно обвинителство, како и обвинителството за организиран криминал и корупција, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:
„Сметаме дека постојат сериозни индиции кои што одат до откривање на сериозен криминал и корупција, на кршење на законот за јавни набавки и сметаме дека со ова ќе се покаже дали Венко Филипче ќе остане незаменлив за октоподот на власт предводен од Зоран Заев или пак хибридниот режим ќе упати порака „многу си ги одбрал друже“. Очекуваме реакција од страна на јавното обвинителство.“