Министерството за здравство информира дека денеска во попладневните часови, на корона вирус се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот.

Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации, Венко Филипче ќе одржи прес конференција во 19:30 часот во Владата.