Секој мора да преземе одговорност во врска со новиот случај на корона вирусот во Македонија, порача министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што истакна тој, директорката на Кумановската болница не оди на работа, откако таа се вратила од југот на Рим, подрачје кое се уште не е опасно од новиот вирус.

„Утре ќе имаме состанок во однос на дополнителни мерки. Никаде не се забранети патувањата, а мерката на изолација беше уште на самиот почеток, најавена беше и кажана. Ние мора да сме свесни дека ова е сериозна работа, секој мора да преземе одговорност. Штипското одделение ќе биде затворено, со оглед на тоа што сите доктори присуствувале на настанот“, истакна Филипче.