Во Владата не исклучуваат продолжување на учебната година за да се надополни изгубената настава, но за тоа одлуката ќе ја соопшти деновиве Министерството за образование и наука, пишува мкд.мк.

Според извори од Владата, се разгледуваат сите можности, вклучувајќи и скратени наставни програми, промена на календарот за образование на сите основни и средни училишта, но конечното решение ќе го соопшти министерот Арбр Адеми.

Една од денеска донесените мерки е прекин на наставата во училиштата и на факултетите во наредните 14 дена, како и затворање на градинките низ целата држава.