Корона вирусот после Кина, од каде што тргна заразата, најтешко ја погоди Италија. Според последните податоци, во оваа земја 463 лица умреле од корона вирусот, додека 9.172 се заразени.

Колку е ситуацијата сериозна, зборува и одлуката на премиерот на Италија, Џузепе Конте целата земја да ја стави под блокада како би се спрешило ширењето на инфекцијата.

Жителите се во паник, а за тоа сведочат снимки од Рим, каде граѓаните формираа редови пред продавниците како би направиле залихи од храна и намирници.

Меѓутоа, се поставува прашањето зошто Италија во огромна мерка е погодена од вирусот.

Според кажувањето на стручњаците, до ова дошло затоа што првиот пациент кој бил инфициран во земјата бил во асимптоматична фаза, односно не покажувал никакви индиции дека е заразен од корона вирус. Со самото тоа, се влијаело заразата да се шири без да биде детектиран.

Професорот за инфективни болести, Масимо Гали од Универзитетот во Милано и директорот на инфективната болница Луиџи Сако, изјавија дека заразата се ширела „под радарот“ во земјата.

– Италија би требало да биде предупредување за сите. Имаме епидемија, бидејќи едно лица се вратило од жариштето без симптоми, а потоа се ширела болеста. Што се случи во Италија, може да се случи било каде во Европа. Може едноставно немавме среќа, изјави Гали.
Од друга страна, граѓаните тврдат дека за се е крив јавното мислење дека „тоа е само грип“ и дека никој од почеток не сфатил колку ситуацијата е навистина сериозна.

– Ве молиме, луѓе. Тука на северот од Италија направивме огромна грешка: Сите велеа: Тоа е само грип и сега нашите оделенија за интензивна нега се пред колапс. Сфатете, корона вирусот не е грип, еден е во низот твитови на државјаните на Италија кој кружи низ друштвените мрежи.