Незадоволството и разочараноста од здравството кај граѓаните енормно порасна откако Филипче стапи на функција како министер. Од тогаш нема доволно лекови за граѓаните, нема слободен термин за обичен преглед, нема слух за луѓето со ретки болести.

Но врвот Филипче го достигнува откако во јавноста по социјалните мрежи се рашири веста дека тој има издадено наредба оваа сабота студентите од медицински факултет наместо да одат на часови по физичко ќе треба тие часови да ги заменат со чистење на Клинички Центар. Уште поголем апсурд е тоа што присуството на студентите било задолжително доколку еден не се појави нема да добие потпис.

Со ова овој министер само покажува колку е незаинтересиран за младиот кадар на лекари кои се одлеваат од државата, тој со оваа постапка им дава уште поголема мотивација по завршување на студиите да си одат од Македонија.

Студентите разочарани и со право, по социјалните мрежи се договараат цела генерација да не оди на тоа чистење, бидејќи така само ќе му достават до знаење на министерот со розеви очила дека тие се тука да учат за да станат идни лекари, а не да ги поправаат неговите пропусти. Доколку сака Клиничкиот Центар да е чист тој едноставно треба да го реши со најмување на служба која ќе се грижи за хигиената на самиот Клинички. Имено ако оваа влада и министерството имаат пари за разно разни луксузи како апетисани, мебел дури и за тендери во 4 очи тогаш нека го реши и овој проблем. Така ќе бидат и пациентите задоволни, и студентите ќе си одат на часови кои им се предвидени според нивната студентска програма.