Во Албанија бројот на заразените од Ковид-19 се зголеми на 23 лица,проширувајќи ја мапата на заразени и во други градови.
Потврдувајќи ги новите осум случаи, Министертвото за здравство наведува дека по два случаи има во Драч и Елбасан, еден во Рогожина и три во Тирана.
-Во текот на последните 24 часа, тестирани се 145 случаи на Ковид-19 ,со што вкупниот број на тестирани е 298 случаи. Досега, 23 случаи биле позитивни. Најголем број од заразените се жители на Тирана или 16,од Драч тројца,од нив еден веќе почина,двајца од Елбасан и по еден од Рогожина и Љушња, изјави заменик министерката за здравство Мира Ракацоли,додавајќи дека сите се во стабилна здравствена сосотојба.
Во меѓувреме полицијата и армијата строго контролираат дали лицата кои се вратиле од погодените подрачја и оние кои биле во контакт со веќе заразените,ја почитуваат препораката за домашна изолација во период на 14 денови.
Индентифкувани се најмалку 100 лица кои не ја почитувале оваа препорака.