Венко Филипче соопшти дека се на располагање 120 респиратори во целата држава испраќајки апел дека состојбата е под контрола.
Но од медицински извори дознаваме дека респиратори се повлекуваат од други болници како што е клиниката за кардиологија, клиниката за дигестивна хирургија и останати важни клиники.
Упатени извори велат дека со тоа се загрозува здравјето на останатите пациенти.
На државната клиника е забележан недостаток и на маски и ракавици за персоналот и ризичните болни.